Мицкоски: СДСМ ја чувствува недовeрбата на граѓаните и знае дека ќе биде поразен

Владејачката СДСМ ја знае и чувствува недовербата кај гласачкото тело и нема ниту волја, ниту капацитети да спроведе фер и демократски избори, па оттаму наоѓа изговори во наводно продолжување на реформските процеси за бегање од опцијата за спроведување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, рече челникот на опозицијата Христијан Мицкоски во воведот во телевизиското соочување со уредници од електронските медиум на јавниот сервис МРВ.

„Сакаат да ги украдат претседателските избори. Но ние ќе ги победиме и на нив, и на дополнителните локални избори во Охрид и Ново Село“, рече Мицкоски образложувајќи ја иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори појаснувајќи дека тоа подразбира формирање техничка влада којашто ќе ги спроведе изборите којашто ќе гарантира фер и демократски изборен процес.

Но доколку не биде усвоено барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, продолжи Мицкоски, партијата ќе стори сѐ што е во нејзина моќ  не му дозволи на СДСМ да ги украде и овие избори.

Доколку одлучат да се затскријат, доколку одлучат пред јавноста, најголемата опоцизицка партија, граѓаните да прикажат дека немаат чесни намери и дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во моќ тоа да не се случи. Силно сме мотивирани и мобилизирани да учествуваме на претседателските, на кои ќе победиме. Ќе победиме во Охрид, во Ново Село, а со тоа силно ќе ја подотвориме вратата за предвремени парламентаарни избори, кои би се одржале на есен, рече Мицкоски.

Смета дека е многу поважно да се заштеди време, затоа што притисокот од побеата на опозицијата на претседателските избори, победата во општина Ново Село и во Охрид, ќе значат огромен товар за Владата.

Подобро сега заедно да ги одржиме, на еден трошок отколку истите да ги проектираме наесен или напролет 2020 година, бидејќи протисокот од јавноста ќе биде огромен. Луѓето повеќе не се плашат од Зоран Заев, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоско рече дека  Практично во отсуство на какви и да се аргументи, владата се обидува да ја убеди јавноста кон тоа да ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а моли бога да не ги добие истите.

„Токму поради таа причина ние антиципиравме дека СДСМ ќе се обиде да ја примени оваа стратегија во јавноста имајќи ги во предвид гласните на нејзините оришници помеѓу медиумите кои ќе повторуваат во јавноста една те истата реченица во периодот кој што следува. Сакавме да ја демастифициравме и да ја откриеме вистинската намера на СДСМ. И заради тоа во текот на вчерашниот ден имавме седница на Извршниот, имавме седница на Централниот Комитет на партијата и за време на тие седници партијата едногласно донесе одлука да во текот на денешниот ден што и се случи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, пратениците кои се дел од таа пратеничка група да поднесат иницијатива за распуштање на Парламентот, истакна Мицкоски.

Рече за да и биде на јавноста појасно согласно законот за Влада кога ќе имаме предвремени парламентарни избори или редовни парламентарни избори тогаш техничка влада е обврзувачка.

„Што значи дека делот од министерските решенија во таа техничка влада ќе биде во надлежност на опозицијата и дел на заменик министерските места ќе бидат на номинација на опозицијата. СДСМ и оваа влада не се подготвени да имаат реален одраз на силите, односно слободни фер гласање еклантантен пример имаме на референдумското изјаснување каде што се проби законот на физиката имаше надчовечко гласање од 2.4 секунди глас во одредени избирачки места“, потенцираше Мицкоски.