![yvy2g5rs6txdybtbqthg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/yvy2g5rs6txdybtbqthg.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се прости со починатиот пратеник и министер Марјан Додовски:
„Со искрено жалење ја примив тажната вест за смртта на Марјан Додовски кој беше член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер, пратеник и општествен чинител во Република Македонија.
Во македонската политичка и општествена меморија ќе остане запаметена неговата посветена работа. Јавноста ќе го запамети како човекот кој го спаси Дојранското Езеро од еколошката катастрофа, но и по низа на други проекти кои ги остави зад себе. Македонија изгуби човек познат по посветената работа, ентузијазмот, искрена љубовта кон Македонија и активен чинител во политичкиот живот во нашата земја во поновата историја.
Нека почива во мир. Вечна му слава“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.