Мицкоски се сретна со својот српски колега Милош Вучевиќ

-Остварив средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ. Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти. Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици, истакна Мицкоски.