Мицкоски: Се што е ветено и напишано во нашите програми ќе биде реализирано

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред граѓаните се обрати генералниот секретар на партија и носител на советничката листа за град Скопје, Христијан Мицкоски. Тој кажа му претставува чест да го почуствува ехото, кое се чувствуа низ целата држава, а ја најавува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш беше темел на нашата татковина, така ќе продолжи и понатаму, но за да продолжиме да го бетонираме и да го направиме овој темел се поцврст и поцврст, потребно на локални избори, на 15-ти октомври, во недела, да излеземе масовно и да ја дадеме нашата поддршка на кандидатите за градоначалници и идни градоначалници, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и победничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека тие не ветуваат басни, не ветуваат многу, но тоа што го ветуваат тоа и го исполнуваат и го реализираат.

-Во програмите на нашите кандидати во Гази Баба, но и во градот Скопје, работевме темелно, работевме посветено, во изработката беа вклучени стотици експерти, професори, интелектуалци, аналитичари и врз основа на нивната експертиза креаиравме проекти кои што ќе дадат одговор на потребите на граѓаните во Општина Гази Баба, но и градот Скопје. Јас како предводник на листата на советници за градот Скопје, ја имам таа чест, но и обврска и го давам ова ветување пред вас граѓаните на Гази Баба, дека сето она што е ветено и напишано во програмите на кандидатите за градоначалници, ќе биде реализирано до последниот проект, што ќе значи подобар живот и додадена вредност во животите на граѓаните на градот Скопје и Општина Гази Баба, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека нивната визија е модерна Гази Баба и модерно Скопје и дека секојдневно се стремат да го достигнат тоа.

-Асфалтиравме, но и ќе асфалтираме, урбанизиравме,но и ќе продолжиме да урбанизираме, модернизиравме, но и ќе продолжимке да модернизираме, се бориме против загадувањето и ќе продолжиме и во иднина да се бориме против загадувањето. Едноставно во континуитет може да потврдиме дека единствен начин до успехот, е секогаш работа и само работа, нашето мото запаметете е секогаш работа, секогаш Македонија и тоа мотото кое што ќе не води и ќе не прави посреќни во следниот четиригодишен мандат, изјави Мицковски.

Тој промовираше неколку мерки важни за Општина Гази Баба, вети обновување и изградба на сите пешачки патеки, кој што во овој момент се неизградени, непоплочени, ќе биде изградена клучката во Јурумлери. Еден од најважните проекти за спојување на општините Гази Баба и Аеродром како што кажа е изградбата на булеварот Асном, кој ќе го растерети сообраќајот во овој дел од градот.

-Во програмата имаме голем број на стотици училишта, посветуваме големо внимание на образовението, од страна на нашите кандидати за градоначалници и идни градоначалници. Ветуваме стотици проекти кои што ќе значат поквалитетно и поконфорно образование за нашите најмили, а тоа се децата во основно и средно образование и ќе бидат реализирани, изјави Мицковски.

Тој кажа дека и за децата во предучилишна возраст се дел од програмите на партијата. Кажа дека загадувањето ќе биде нивниот прв непријател и ќе се борат против него, а заштитата воздухот ќе биде прв пријател. Како што кажа ќе има канализациони и водоводни системи, нешто што е потенцирано во програмите на градоначалниците.

Тој упати и порака до како што кажа опоненти, партијата СДСМ.

-Ова се Зоране лугето кои што така силно ќе те поразат на 15-ти октомври, што на 16-ти октомври ќе мора да си одиш и да распишеш нови парламентарни предрвремени избори, изјави Мицковски.