
Три години целата јавност е сведок на најбрутална црна кампања спроведена врз мене. Преполна со лаги, измислици, подметнувања и клевети. Потпомогнати со еден куп медиуми платени со парите на мафијата, дел уценети за својата слобода, чија задача е да се тргне вниманието од продажбата на светите работи, криминалот и немањето на резултати кои ќе го подобрат животот на граѓаните, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Нивното обвинителство не можејќи да најде ниту една темна дамка во моето однесување, денес објави дека нема ништо од случајот “Теретана”, дека не е прекршено ниту едно правило, или несовесно постапувано, наспроти целокупното брутално лажење на СДСМ пред изборите на оваа тема.
Доведоа до ранг да е престап и злосторство спортувањето на Водно, а упропастувањето и продавањето на државата да викаат дека е блескање. Претходно правеа конструиран случај од хидроцентралите, па повторно нивната Државна комисија за спречување на корупцијата излезе и рече дека се работи за чист случај.
Секоја лага која ќе ја смислат Заев и мафијата им се распрснува. Како што лажеа за случаите “Теретана” и хидроцентралите брутално манипулираат за сѐ друго. Но, вистината е една и единствена. Бродот ќе им потоне, се препелкаат во сопствените лаги“, објави тој на Фејсбук.