Мицкоски: Силјановска Давкова ќе биде гаранција и брана над сите повреди и кршења на Уставот и законите

Ресен е град на промените. Пролет е, а бранот на промените е видлив и голем. И промените не се апстрактен поим, туку суштествена потреба на народот кој во нив гледа спас од оваа власт, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-На овие избори не одлучувате само за претседател, туку одлучувате за човек на кој можете да му доверите да ја води државата и да одлучува за вас и вашата иднина.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за претседател е личност со извонреден интелект и интегритет. Личност со верба во принципи и со свој став. Гордана Силјановска Давкова ќе биде гаранција и брана над сите повреди и кршења на Уставот и законите.