Мицкоски: Скандалозно е што за само 2 месеци владата на СДСМ ги намалила девизните резерви за 170 милиони евра

СДСМ вели дека го намалиле долгот за 31 милион евра. Ако влезете на веб страната на министерството за финансии и го погледнете извештајот за вториот квартал од 2017 година и истиот го споредите со првиот квартал, ќе забележите дека е навистина 31 милион евра, но каде е тука разликата? Имаме јули месец и прва половина на август- нето задолжувањето, односно задолжувањето и раздолжувањето е многу поголемо од оваа бројка од 31 милион евра.

Ова го истакна генералниот сектетар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше гостин во Вестите на Сител телевизија.

-Но тоа не е се. Каде СДСМ не е чесен пред граѓаните? Ако влезете во податоците кои ги објавува НБРМ тогаш ќе видите дека девизните резерви на РМ споредено 31 јули и 31 мај се од салдо 366,3 милиони евра намалени на 189,3 милиони евра, цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци. Тоа е скандалозно, нечесно коп граѓаните. Нечесно е да се излегува со тези во јавноста дека е намален долгот кога апсолутната бројка на тој долг не само што е зголемена, туку ако таа се претвори во проценти е повеќе од 3 проценти од вкупниот долг, додаде Мицкоски.

https://youtu.be/ov8uEDgOiac