![Povik-za-popis-2021--1536x1081](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/Povik-za-popis-2021-1536x1081.jpg?resize=696%2C490&ssl=1)
На прашањето „да се тргне онаа формулација од 20% од Уставот, премиерот Ковачевски даде согласност“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментира дека:
„Навистина жалам што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти. Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам да зборувам за квалитет, вештини знаења, бидејќи тоа е она кое што нас денеска може да не движи напред“, вели Мицкоски.
Додаде дека процентите и квотите мислам дека се потрошија и нема потреба да ги навредуваме не мнозинските заедници во Република Македонија со тоа што ќе бидат дел од процентите и квотите. Јас сум убеден дека голем дел од тие луѓе кои се припадници на не мнозинските заедници во Македонија одбиваат и не сакаат да бидат дел од квоти и проценти, туку сакаат да напредуваат затоа што имаат вештини, знаења и компетенции.
„Ги охрабрувам дел од политичките лидери во Македонија да го напуштат 20-от век и некои минати времиња и да се концентрираат на 21-от век. Век во кои ние треба да се стремиме напред, да зборуваме за вештачка интелигенција и да ја градиме државата затоа што ако продолжиме да зборуваме за проценти и квоти, балансери, бадентер итн, следниот попис се плашам дека ќе биде 200-300 илјади граѓани помалку и Македонија ќе стане држава на неколку богати семејства, но за жал ќе биде празна“, рече Мицкоски.