![mickoski 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/mickoski-2.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Собранието може да ја продолжи важноста на пасошите „Република Македонија“.
Тој во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ова не е политичка волја, туку физика е во прашање.
„Тоа зависи од нас, а не од Преспанскиот договор… Јас да бев на местото на раководството на Грција, премиер, претседател, министер можев многу елегантно да ги освојам симпатиите на граѓаните и да не дозволам ова да се случува затоа што не е политичка волја, физика е во прашање“, вели Мицкоски.
Според него, тој да бил на местото ќе се согласел уште една година да важат патните исправи со старото име.