17.8 C
Skopje
недела, јуни 16, 2024

Мицкоски со апел до политичките партии: Бидете зрели, бидете над ситуацијата, не се водете од личните партиски интереси, туку од интересите на граѓаните

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше вклучување во вестите на телевизија Телма каде што посочи дека не смее тоа дали кафулињата ќе работат, или не работат да биде критериум по кој што ќе се определи датумот на изборите.

„Сценарио од аспект на тоа како понатму ќе се одвиваат изборните дејства треба да каже ДИК. Практично колку време им е потребно за да го спроведат овој фер и кредибилен изборен процес. Ќе ве потсетам на овие избори и покрај тоа што граѓаните ќе бираат, а политичките партии ќе ја бараат поддршката на граѓаните, морам да ве потсетам дека неопходно е да имаме кредибилно присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Вие претпоставувам следите и знаете дека границите на ЕУ остануваат затворени до 14-ти јуни. Понатаму би сакал да ве потсетам дека СЗО за 3 месеци го продолжи рокот за од кога ја прогласи пандемијата. Така што има многу фактори кои што треба да се анализираат пред да ја донесеме конечната одлука“, појасни Мицкоски.

Мицкоски апелираше до сите политички чинители да бидат зрели, да бидат над ситуацијата, да не се загрозува здравјето на граѓаните, и да не се водат од личните партиски интереси, туку да се водат од интересите на граѓаните.

„Не смее тоа дали кафулињата ќе работат, или не работат да ни биде критериум по кој што ние ќе го определиме датумот на изборите“, истакна Мицкоски.