Христијан Мицкоски на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на Влади и шефови на држави на НАТО, оствари кус разговор со бугарскиот премиер Димитар Главчев.
„Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции“, напиша Мицкоски.