![mickoski-678x381](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/mickoski-678x381.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!
Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски.
На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста.
Овој Велигден покрај празничната радост не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза. Повеќе од 4,800 наши сограѓани ги загубија своите животи, и над 150,000 се заразија и поминаа низ силни искушенија.
Дали можеше поинаку земјата да се справи со оваа криза?
Примерите околу нашата држава покажуваат дека и тоа како можеше, и поинаку, и многу подобро.
Немаа план, а сиромаштијата расте. 60 илјади наши сограѓани останаа без работа, а многу бизниси трпат огромни загуби. Животот е се потежок.
Во овие празнични моменти ова е горчината која го јаде секој еден човек и на секој еден од вас сакам да соопштам дека ви ја разбирам и болката и горчината. Но затоа мораме да ги менуваме работите заедно, пред државата да падне подлабоко во амбисот на неспособноста, криминалот и обезличувањето. Ќе донесеме иднина. Да не дозволиме уште еден Велигден да поминеме во несреќи.
Дали е возможно? Секако дека да. И заедно сме и посилни и поспособни.
Следува македонска пролет и поубави денови. Ќе изгрее сонцето и за Македонија.
Нека е за многу години Велигден!
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!