Мицкоски со добиена тужба против провладин медиум за клевета: Ширел лажни информации и невистини

Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаа…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник.

www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.

Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…, пишува Мицкоски во својата објава.