Мицкоски: Со СДС и ДУИ дојдовме до ситуација да не работат сите три блока во РЕК Битола, а директорот наместо да работи брои провизии

При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека наследството од криминалната влада на ДУИ и СДС е катастрофално и државата е во катаклизмична состојба а „шампионите“ во енергетиката го оставија РЕК Битола без трите блока да не работи додека директорот се забавува и брои провизии.

-Она што го имаме како информација, што ќе го наследиме од оваа криминална влада на СДС и ДУИ е навистина алармантно и би рекол катастрофално и државата е пред една катаклизмична состојба. Еве денес претпоставувам знаете дека овие што беа шампиони во енергетиката го оставија на пролет, што до сега не се случило во март, РЕК Битола да не работи со трите блока додека директорот хармоникаш се забавува и пее песни на 8-ми март со вработените за жал неговиот комбинат каде што тој е директор и треба да го управува наместо да го управува тој за жал имаме информации, основано сомневање дека се занимава со броење провизии и го остави комбинатот без 3-те блока да работи што не знам кога последен пат се случило, нагласи Мицкоски.