Мицкоски: Со симболичен марш во природа го одбележуваме Денот на планетата Земја, Македонија нуди многу природни убавини, да ги чуваме

-Задоволство е кога ќе може човек да помине повеќе од еден час со соработници и луѓе со кои изминатите години поминавме многу работи и делевме многу работи, и сега во природа. Секој кој може да помине време во природа, во убаво друштво ова е можноста, нашата планина Водно. И не е само Водно, насекаде во Македонија можете да уживате во природните убавини кои што ги нуди нашата држава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Денеска го одбележуваме Денот на планетата Земја со овој симболичен марш од неколку километри кој траеше повеќе од еден час. И мислам дека даваме добар пример за сите оние сограѓани кои сакаат да се рекреираат и сме мотивација да ги поканиме и да ги мотивираме да ни се придружат во деновите што следат, во текот на работната недела. Преку викенд е здраво да се спортува и да се рекреира во планина. Денеска како ВМРО-ДПМНЕ и како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, но не само од Карпош, туку и од други општински комитети и граѓани, кои ни се приклучија,  направивме еден убав пример и се рекреиравме во природа. Ова посакувам да стане практика и нека биде задача на општинскиот комитет на Карпош да не мотивира и да не организира почесто да може следниот пат до врв да се качиме, да не биде само до тука, рече Мицкоски.