3.8 C
Skopje
понеделник, јануари 27, 2025

Мицкоски: Собрани над 25.000 потписи за неколку часа, народот се потпишува против фалсификат попис, јасна е пораката на народот за владата и Заев

Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собраа 25 илјади потписи за неколку часа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Благодарност до сите што се потпишаа.

Македонија не сака фалсификат попис.

Народот се потпишува против фалсификат попис.

Продолжуваме и утре!

Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев.

Потпис за вистински европски попис“ – напиша тој.