-Собрани над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет. На потег е Собранието“ – посочи тој на својот фејсбук статус.
Лидерот на најголемата опозицика партија денеска официјално ја поднесе граѓанската иницијатива со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Сл. Весник на Република Македонија бр.12/2018 од 18.01.2018година?“.