Мицкоски: Срамно е тоа што го стори Маричиќ, секогаш одново покажува дека може да ги надмине сите граници на примитивизмот

Тоа што го кажа пратеничката Дафина Стојаноска, тоа се случило. Вие може да глумите во животот. Но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.

Според Мицкоски нормално е да се побара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Ама нормално е и да не даде оставка за да остане да ги ужива привилегиите кои ги дава функцијата. Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека однесување не недзволиво за вицепремиер.

„Сексистичкит настап е недоговорно нешто на вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво“, рече Мицкоски.

Претходно во четвртокот во текот на обраќањето на пратничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од собраниската говорница вицепремиерот Маричиќ од своето место во партерот упатувал бакнежи на што реагираа пратениците од опозицијата, поради што заменикот на собранискиот спикер ја прекина редовната седница посветена на пратеничките прашања.

„Маричиќ, простак и срам за целиот машки пол, денес упатуваше бакнежи од место кон пратеничката и моја драга колешка Дафина Стојаноска додека истата зборуваше на собраниската говорница. Барам премиерот веднаш да го разреши овој човек кој е недостоен да биде Министер. Ова не смее да остане така затоа што овој примитивец е срам за машкиот пол, општествените вредности и Македонија“, реагираше преку социјалните мрежи пратеникот Љупчо Пренџов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со Фејсбук статус му одговори на министерот Маричиќ, кој денеска со сексистичка гестикулација ја нападна и навреди пратеничката Дафина Стојаноска.

„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам“, напиша Милошоски.