Мицкоски: Сугарески е изборот на СДСМ за Прилеп, само преку него можат да продолжат рекетот кон бизнисмени, продажбата на дрога

Сугарески е изборот на СДСМ за Прилеп затоа што само преку него можат да продолжат рекетот кон бизнисмени, продажбата на дрога, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Прилеп потенцирајќи дека тоа што Заев го планира овој пат нема да помине, бидејќи на 17 октомври прилепчани ќе му ја завршат кариерата на Сугарески.

– Кандидат на СДСМ во Прилеп е најверното Зоранче, Сугарески. 5 години ветуваат експресен пат за Прилеп, кој не го чепнаа, а го наследија од претходната влада, и поради празните ветувања прилепчани недопрениот пат го нарекоа „Горан Сугарески“. И токму заради неговата неспособност, еден искусен новинар ми рече: „Најлесно ми е да пишувам прилог овие 20 години за Прилеп бидејќи се е исто, кога треба да одговорам на прашањата КОГА,КАДЕ,КОЈ,ШТО И ЗОШТО,  Одговорите се секогаш се фикс: Само што не почнал патот да се гради, одговорен за тоа е Сугарeски, истиот тој кој десетици години е на функција советник, пратеник, министер, директор, Уште градоначалник не е станат, па сака да се испроба и во тоа. Но овој пат нема да успее и тука завршува криминалната кариера на Сугарески, вели Мицкоски.

Сугарески е изборот на СДСМ за Прилеп затоа што само преку него можат да продолжат: рекетот кон фамилии и бизнисмени, продажбата на дрога како мастики за џвакање на секој ќош во Прилеп, заканите и само оваа власт може повторно да назначи командир што ќе пренесува дрога по експресниот пат „Горан Сугарески”.

– Еве зошто во недела на 17-ти прилепчани ќе му ја завршат кариерата на Сугарески. Прилеп е град кој најмногу назадувал последните 4 години. Град кој не се гради, нема инвестиции.Прилеп е синоним за рекет од лице кои важи за блиско на Сугарески, а кое е невработено и има возен парк од 400.000 евра. Само во Прилеп министерот за транспорт градеше дивоградби низ градската чаршија и тој денес е понудата за градоначалник, изјави Мицкоски.