Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Детектор на телевизија Сител тој истакна предвремените парламентарни избори се единствен начин да се увиди дали Македонија навистина блеска како што вели Заев или станува збор за спротивното, односно мизерија.
Јас сум свесен дека граѓаните можеби се уморни од одржување на било какви избори, дали се тоа парламентарни или локали, но истовремено целокупната реалност која денеска се случува во Република Македонија наметнува императив да се случат едни такви предвремени парламентарни избори бидејќи тоа е единствениот начин да видиме дали навистина блескаме како што вели премиерот Зоран Заев или пак работите се сосема спротивни и се антипод на блескаме, а тоа е класична мизерија која што денеска е реалност во Република Македонија и која што граѓаните ја живеат таа мизерија, вели тој.
Мицкоски посочи дека веднаш по одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе добие датум за преговори или не, треба да се формира техничка Влада и веднаш потоа во март месец да се одржат предвремени парламентарни избори.
Така што јас мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија, а се надевам дека ќе ги отпочнеме можеме да формираме техничка Влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот е вистината, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.