Овде ќе се спротивстават два сосема различни концепти, еден концепт на многу работа и труд, и еден концепт кој што сака да не работи, а да стане труд. Од прилика така делува овдека состојбата во Битола, ова денеска преку изјава за медиумите од Битола го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Денеска, Тони зборува за проекти, а од другата страна нашиот политички противник и би рекол оној кој што ќе биде поразен најпрвин на 17-ти октомври, зборува дека имал многу пари и ќе ги купел изборите. Од прилика така делува битката на овие два концепти. Но, јас лично сум убеден дека најпрвин на 17-ти октомври ќе доживеат едно огромно разочарување и дебакл овде во Битола бидејќи битолчани нема да дозволат Битола да биде реплика на Струмица. Затоа што Битола е конзулски град и заслужува луѓе кои што така се чувствуваат. А, кандидатите на фамилијата на власт можат да гледаат и да учат после 17-ти октомври како се гради Битола, и како се работи Битола и како се сака Битола, а преку Битола како се сака Македонија. Затоа јас сум убеден во една огромна, голема победа на Тони овдека во Битола, а со тоа и огромна победа низ цела Македонија. Убеден сум во политички пресврт во Македонија после 17-ти октомври, а јас ви ветувам дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен фокус на Битола во насока на враќање на сјајот на градот онаков каков што заслужува и каков што го заслужуваат битолчани. Го имате мојот збор. Јас нема да должам со премногу зборови за нашиот политички противник, мислам дека тие со нивното однесување самите доволно кажуваат, не треба ние што да зборуваме, вели Мицкоски.
Тој додава дека единствено нешто што можам да порачам денеска јас ќе останам цел ден овде во Битола, ќе имаме можност и да поминеме неколку маала од врата на врата, да поразговараме директно очи во очи, лице во лице со битолчани. Но, она што сакам да го порачам е фактот дека премногу долго време некако битолчани се разочарани од ова политичко мочуриште кое што ни се случува. Не само би рекол тука во Битола, туку низ Македонија.
-Јас знам дека и има многу тројански проекти кои што ќе се појават на овие избори и кои што ќе се обидат да му помогнат на овој кој што тера кампања кажувајќи дека имал многу пари, а не кажува ниту проекти, ниту пак визија, ниту пак стратегија што ќе направи за Битола. Сакам да им порачам на битолчани, 17-ти октомври е денот кога се бориме и ќе се избориме за Битола, но борејќи се за Битола, се борите и за Македонија. Имајте го ова во предвид. И јас ве повикувам на масовна излезеност. Масовна излезеност уште рано наутро масовно да излеземе затоа што тивкото мнозинство кое што има што да каже, а за жал никој денеска не го прашува на овие избори јас сум убеден дека ќе биде гласно и дека го заокружи бројот 7 за идниот градоначалник на Битола и за идната победничка листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, листата на коалицијата „За обнова на Македонија“. Тие нека продолжат да се фалат со бизнисите и парите, и тоа дека ќе го направеле Битола реплика на Струмица. А, ние ќе продолжиме да работиме за Битола, за битолчани и за Македонија. Тоа е мојата порака, да работиме за Битола и за Македонија, истакна Мицкоски.