Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес”

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар.

-Учествував во првата сесија од „Берлинскиот процес” посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, пишува на својата Фејсбук страница премиерот Мицкоски.