Мицкоски: Уште само еден чекор до новата заедничка иднина, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените

Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот, кој неминовно ќе се случи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната средба со жителите на општина Демир Хисар.

Мицкоски ги повика во вториот круг да излезат граѓаните масовно и да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник во Демир Хисар, порачувајќи дека клучот на промените е токму во граѓаните.

-Затоа што на сите нас заедно волјата и вербата ни се силни, затоа што веруваме во заедничка иднина, затоа што сите заедно гледаме дека ова што се случува мора да се промени и дека силата и клучот се во нас. Ништо не е посилно од таа надеж, базирана на волјата и моралната храброст на слободните луѓе да одлучат за себе. Затоа велиме уште само еден чекор до новата заедничка иднина, потенцираше Мицкоски.