Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа во врска со иницијативата поднесена до Уставниот суд рече дека цени оти парламентот е законодавен дом каде оној кој го предложил законот во 2021 за промена на патните исправи и дозволи, има можност и сега да поднесе измени.
– Така како што е замислено, нема да оди. Цениме дека Уставниот суд е оној орган кој треба да даде мислење независно од политичките партии. Ние како партија сметаме дека тој има можност да интервенира веднаш, имајќи предвид сето она што се случува во процесот на издавање на исправите и дозволите. Уставниот суд може веднаш да се состане и да денесе мерка со која тој закон ќе го стави вон сила. Според нашите информации, околи 1.200 000 патни исправи се издадени. Уште 1.300 000 допрва треба да се променат. Потребно е најмалку една година да се заврши процесот на фотографирање. Тука се појавува предизвик, а според нашите информации имаа 30 000 обрасци и 10.000 кои се двојазични. Новите обрасци ќе стигнат во март, а дотогаш овие ќе се исцрпат. Уставниот суд е добра територија каде ова може да се надмине. – вели Мицкоски.