
Пред крајот на февруари порача дека е време за техничка влада.
Потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада, порача тогаш Мицкоски.
-Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот – рече Мицкоски.
Во таа прилика тој нагласи дека додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, додека вистинските криминалци и мафијаши слободно се шетаат.
Формирањето на техничка влада е предлогот кој сега после десетина дена, Зоран Заев го прифаќа како опција.