Мицкоски вечерва гостин во „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ

Пониски даноци, повиски плати, подобра живејачка. ВМРО-ДПМНЕ објави сет економски мерки доколку добијат довербата од граѓаните на претстојните парламентарни избори. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, вети повеќе пари за бизнисот и за граѓаните.

Колку е остварлив економски раст од 4 проценти и над 4 милијарди евра инвестиции? Дали со мандат од четири години овие мерки може да се реализираат? Одговори на овие и на многу други прашања вечерва ќе даде Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, во 20.55 часот.