Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата Клик Плус рече дека сето она кое Зоран Заев денес го збори во јавноста за Бугарија тој го има ветувано уште во 2016 години пред парламентарните избори.
-Јас во една прилика кажав дека сето она што Заев го зборува и се случува тој го има ветувано кај високи политички групации кај нашиот источен сосед пред да дојде на оваа позиција, уште пред изборите во 2016 година. Јас имам признанија за ова сериозно високи политичари кај нашиот источен сосед ми кажале дека пред 2016 година изборите тој како опозиционер сето ова го ветувал, исто како што велев дека се бара од нашиот министер за надоврешни работи од министерката за надворешни работи кај нашиот источен сосед потпишување на нов документ . Тогаш се сеќавате истиот тој министер за надворешни работи ми го даваше неговиот мобилен телефон да се слушнеме за да ми објаснел дека то не е така, па потоа бев паднат од страна на Зоран Заев , бев нападнат од други членови на владата дека тоа е лажна вест, но излезе дека било точно. Јас ви тврдам дека се она што тој го зборува го има ветувано пред повеќе од четири години, дека само да дојде премиер сето тоа ќе биде испорачано и затоа нема потреба од зборвање туку треба дејствувања, потенцира Мицкоски во своето гостување.