Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека владата откако не успеала да испорача тоа што презела, оди по светот и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.
Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Гази Баба, Мицкоски кажа притисоците нема да успеат и нема да има двотретинско мнозинство во парламентот за уставните измени.
„Тие одат коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овде во Македонија и ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија. Но, навистина можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека нема двотретинско мнозинство од пратениците“, кажа Мицкоски.
Мицкоски завчера во Кичево кажа дека светот прави планови и стратегии како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и нивните 44 пратеници да гласаат за уставните измени.