Мицкоски: Владата е неподготвена, нема доволно количини стокови резерви, ако имаше требаше да ослободат за да нема криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, вели дека владата на СДСМ е неподготвена во однос на кризата, додавајќи дека државата нема доволно количини на стокови резерви.

Зошто тогаш ако имаше доволно стокови резерви не се интервенираше на пазарот за нафта и нафтени деривати, тогаш ќе немавме проблем со цените, ќе немаше цените да одат до плафон, ќе немавме ние никаков проблем, ако се подготвувале, смета Мицкоски.

На прашањето дали смета дека државата нема доволно резерва на нафта и нафтени деривати Мицкоски рече:

Не, ние ќе си интервениравме со државните резерви и со тие државни резерви ќе ја амортизиравме цената, немаше таа да биде во плафон како што е сега. Има држави кои што ги ограничија, државата ќе интервенира со тие количини кои што ги има, нели се подготвиле и ќе ги ограничеше цените и ќе речеше ова се максималните цени еве ви евтина нафта бидејќи ние обезбедивме и се подготвивме порано.

Мицкоски ги охрабри и медиумите да проверат дали има доволно количини на мазут, но и доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли.

Но не само што не беа подготвени, туку и денес да ги прашате каква им е стратегијата не знаат. Еве прашајте ги дали имаат доволно количини и проверете како медиум ве охрабрувам, појдете на терен каде што се државните резерви да видите дали има доволно количини на мазут. Дали има доволно количини во стоковите резерви за останатите артикли, нагласи Мицкоски.