Економската ситуација во земјата е катастрофална и на Македонија ѝ се случува цунамито Заев, Тевдовски, Анѓушев, а денес на тоа цунами му се придружи и Сугарески, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.
„Видоа дека ги критикуваме дека немаат капитални инвестиции па на прес конференција најавија дека 270 милиони евра ќе инвестираат во реализација на патишта во Република Македонија. Ама заборавија да кажат дека тие проекти беа направени пред десет месеци и дека парите за реализација на тие проекти беа предвидени уште пред десет месеци. Па се поставува прашањето што правеле тие овие десет месеци, ги преспале, рече Мицкоски.
Лидерот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека владиниот „План 3-6-9“ не се реализираше.
„Сами го направија планот, и сега им бараме отчет колку реализираа бидејќи поминаа девет месеци, а резултатот е само 42 отсто реализација. Сега наеднаш планот 3-6-9 стана 3-6-9 плус, што значи ќе се развлече до недоглед, во математиката тоа го викаме полутосечка“, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се наврати и на пензиите и посочи дека било ветено 10% поголеми пензии но дека ни тоа не се остварило, а зголемувањето е укинато.
„Ниту прават реформи ниту пак имаат намера да ги прават, а ниту па имаат план да ги направат тие реформи. Единствено план имаат како ова цунами побрзо да се збогати и да ја уништи државата Се на се катастрофална ситуација“, рече.
Мицкоски потенцираше дека Македонија има економскиот раст од 0 отсто кој е најслаб во Европа, не се креираат нови работни места, а директните инвестиции споредено со минатата година се помалку за 100 милиони евра. Потенцираше и дека девизните резерви во овие 10 месеци се намалени на 218,2 милиони евра додека монетарното злато изгуби вредност од 12,5 милиони евра.
„Намалено индустриското производство, градежништвото стагнира со најмалку 30 отсто, но она што е пострашно договорените работи за во иднина се помали за 12 проценти од тие што беа во 2017 година. Значи оваа 2018 ќе биде катастрофална“, рече Мицкоски
Мицкоски го посочи дека за да се затскрие сведочењето на бизнисменот од Струмица почнале да вадат слики дека бил на 27-ми април во Собранието. Претседателот на партијата потенцираше дека не крие за неговото присуство пред Собранието нема од што да се срами или да лаже зошто таму бил со сопствениот народ. Им порача на СДСМ дека и следниот пат ќе биде со народот и дека на следните избори ќе бидат поразени.