На изборите на 15-ти јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ, порача во објава на својот фејсбук профил, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
Неговата објава дојде кусо по прес-конференцијата на Заев во кој лидерот на социјалдемократите потврди дека всушност е прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ порди актуелната здравствена криза за поместување на датумот 5-ти јули на кој долго време инсистираше СДСМ.
Мицкоски во пораката истакнува дека двата услова кои тој ги најави претходно во неделата се прфателни, во однос на изгорвување на протоколите според кои во актуелната епидемиолошка ситуација ќе се одвива кампањата и самото гласње, како и присутноста на набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Двата услова кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.
Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.
Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.
Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!“,
Малку претходно се огласи и партијата ДУИ, којашто го поздрави постигнатиот консезус, потврдувајќи ги медиумските извештаи дека за тоа придонел и странскиот фактор.