Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав

Продолжуваме онаму каде што застанавме. Рековме дека сето она што ќе се случува деновите кои се пред нас во парламентот преставува обична фарса, суштината е во оваа зграда тука, а суштината е дека тие што се во оваа зграда овдека веќе се сложиле на тоа кое што го нарекуваат модифициран последен предлог, а во суштина е ништо повеќе отколку директен удар врз македонскиот идентитет. Тоа се луѓето кои што ќе останат запаметени во македонската историја како луѓе кои што го распродаваа идентитетот македонски за да ги зачуваат своите фотелји уште неколку месеци.

Ова во средата го изјави во средата пред новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на новиот протестен собир пред Владата против ткн „француски предлог“ за постигнување договор меѓу Скопје и Софија, за да бугарската страна ја отстрани блокадата за доделување датум за почеток на македонските пристапни преговори со Европската унија.

Мицкоски притоа оцени дека она што ќе се случува овие два дена во Собранието  е обична фарса, бидејќи само 41 глас се доволни за да ткн „ заклучоци“ или, како што рече „тој лист хартија“ да бидат усвоени.

„Навистина не знам што друго да кажам, освен тоа дека треба да кажат НЕ во последен момент. Претпоставувам дека барем малку има македонско во нив и ако има барем малку македонско во нив тогаш ќе кажат НЕ. Бидејќи ќе повторам уште еднашка, ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова што се нуди е сликање во Брисел, за да ги отпочнеме преговорите потребно е да биде променет Уставот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажавме дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите на одредени слуги и платеници на власта дека постоеле вакви, постоеле такви структури во парламентот“, рече Мицкоски.

Потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, и изрази надеж дека нема да гласаат ниту пратениците од СДСМ, откако ќе имаат конечно можност да го видат Протоколот кој ќе го потпише министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Затоа што тој  е толку лош, што мислам дека дури некои од тие или пак можеби сум преголем оптимист па не знам што да кажам, но дури сѐ уште верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог“, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ притоа предупреди на валкани игри од страна на власта, но истакна дека е убеден оти покрај пратените од партијата, и други пратеници во Собранието нема да ги поддржат најавените уставни промени. Според едно од главните барања на Софија, имено, е Бугарите да бидат впишани во македонскиот Устав, а партијата на Мицкоски бара реципроцитет и во бугарскиот конститутивен актд бидат впишани Македонците.

„Така што ете тоа е она што нѐ чека деновите кои следат, бидете спокојни. Апел до македонската јавност дека можеби ова на сила ќе им помине во Парламентот и можеби ќе има хушкачи чијашто единствена цел е да направат директен пробој во македонскиот идентитет. Ќе измислуваат дека имало пратеници, вакви или такви, коишто се подготвени за уставни измени, но јас ве уверувам дека такви уставни измени ВМРО-ДПМНЕ, а и поголем дел од пратениците од парламентот нема да поддржат“,