Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со теренска кампања, „Важно е! Од тебе зависат промените“

ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со теренска кампања, „Важно е! Од тебе зависат промените“, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ќе имаме теренски посети на општини, кадешто ќе оствариме средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани.

ВАЖНО Е сега да знаеш дека ако сакаш да ги промениш работите мора да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и само така твојот глас ќе има вредност и важност.

ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта.

Ова се мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме. Лошите политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ. Се бориме за достоинство среќа и иднина! За нашата горда и просперитетна Македонија, пишува Мицкоски во својата објава.