Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е најголемата политичка сила во Македонија, власта ја чека пеколен период

Заев Зоран и Пендаровски Стево знаат што ги чека и што ќе им тежи од денеска понатаму. Од денеска на нив им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Картата е црвена, тоа се боите на победата, на народот, на ВМРО, на Македонија. Реалноста значи победа во најголемиот дел на општини- сега победивме со уште поголема и поубедлива разлика од првиот круг. Ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избра е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ споредно до Коалицијата на СДСМ освои најголем број на гласови. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат, рече Мицкоски

Мицкоски воедно истакна дека ВМРО-ДПМНЕ направил одличен резултат на претседателските избори и покрај притисоците и навредите од власта.

После онаа пародија која ја видовме предмалку од страна на Заев Зоран и Пендаровски Стево изведена, сакам да се обратам како претседател на најголемата политичка опозициска партија. Денеска реалноста е следна. Ако имаше денеска парламентарни избори, тогаш најмногу пратеници ќе освоеше ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ споредено со СДСМ и колаицијата – Хотел колицијата, напраивме одличен резултат. ВМРО – ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Македонија.Не навредуваа, измислуваа сценарија, не уценуваа се закануваа нам и на нашите блиски. Но, ние работевме и добивме околу 380 000 гласови.Ќе продолжиме да работиме. На следните избори ќе дојдеме до бројката од скоро половина милион гласови од граѓаните, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски подвлече дека иако биле под притисок, ВМРО-ДПМНЕ работеле и заедно со Гордана Силјановска Давкова сотвариле близу 380.000 гласови и ќе продолжат да работиме „со двапати поголема мотивација и енергија“.

ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, заедно со народот и Гордана Силјановска Давкова, победивме во Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ново Село, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Вевчани, Василево, Виница, Градско, Демир Капија, Дебарца, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и тесно е во Радовиш. Ние од едната страна, а од другата страна беше онаа хотел коалиција со 31 членка.

Денес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше нерегуларности, закани, притисоци… а тие знаат дека ова е лош резултат за нив, но денес Македонија се буди во нова реалност.

Македонија главата горе високо, имаш ти чеда кои ќе те бранат, а јас ти ветувам дека ќе те одбранат, порача Мицкоски.