„Конструктивноста е кај ВМРО-ДПМНЕ, деконструктивноста кај СДСМ. Ние како опозиција сме конструктивни и понудивме соработка за да се добие датум за преговори со Брисел, Зоран Заев не одговори. СДСМ како опозиција одеше по улици, уништуваше. Разликата е голема“, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на гостувањето на телевизија Канал 5.
Тој посочи дека бидејќи немало одговор од Заев и Владата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лобирање самостојно за да се добие датум за преговори со Брисел.
-Јас и претставници на партијата лобиравме и во Берлин и во Брисел за датум за почеток на преговори со Брисел. Ние дадовме повеќе од што заслужува Владата и таа криминална дружина, но ние не го правиме за Заев и за криминалната дружина, туку за државата, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа и што им е кажано од Брисел.
-Прво велат дека нема реформи, Владата не испорачува. Пред некој ден знаете што кажа францускиот амбасадор Тимоние и што кажа Германската бизнис асоцијација за бизнис климата и економијата. Тие го кажуваат истото не се испорачува, нема реформи. Тоа што ние го зборуваме го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница“, рече Мицкоски и додаде дека претставници на партијата продолжуваат со работа и со лобирање за датум.
Тој итакна дека нема реформи, Извештајот на ЕУ содржи критики за власта, па затоа и немаме датум за преговори.
– Ја слушнавме изјавата на амбасадорот Тимоние знаеме што кажа во однос на реформите, истото кога Германската бизнис асоцијација и додели нула на владата за функционирање на бизнисот во Република Македонија, вели Мицкоски.
Тој вели реформи нема, се е добро на хартија, но нема имплементација ,лош е амбиентот во кој функционира политиката и демократијата, нема владеење на право, практично се она што го зборуваме тука го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница.
Мицкоски вели дека треба да си го тераме нашиот пат и нашите канали да лобираме да Македонија добие датум за преговори ,затоа што тоа не го гледаме од другата страна.
-Заев е уценет скап политичар тој со неговиот ментор Еди Рама ги спои Македонија со Албанија, рече Мицкоски.