Мицкоски: ВМРО не можете да го уништите, ќе доживеете дебакл на следните избори, ист како вчерашниот

Во моментов се случува една комплетна демонтажа на еден систем на вредности, кој е вкоренет со децении, кој е граден со години и генерации наназад, и овој систем сакаат да го заменат со беспринципиелност, поделба и омразам истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестниот марш во Кавадарци.

Мицкоски ја обивини актеуланта власт дека настојува граѓаните да ги направи непријатели едни со други, да се делат во политиката на десни и леви, во бизнисот, да се поларизираат мислењата во културата, во образованието, да се ловат виновници и предавници, на оние кои ја сакале Европската унија и НАТО и оние кои биле против.

„Токму оваа инструирана кампања на Владата сака да постигне една рамнодушност која е резултат на чуството на одлепеност од народот и опиеноста од власт… И така меѓу две до три потапкувања по рамото и неколку пенкала ќе завршат во џебот на Заев и некој скапо платен викенд на Халкидики, ќе им текне идеја дека треба да урнат сѐ што претходно е изградено, наместо да продолжат онаму каде што некој пред нив застанал и макотрпно работел да тоа го реализира. Ќе им порачам: ВМРО не можете да го уништите на овој начин, бидејќи тоа е секој еден Македонец, и пред да почнете нешто да преименувате или рушите обидете се нешто да изградите, затоа што камен на камен немате ставено. Нас нѐ води идејата на тие дејци, а нивната идеја повторно за брзо време ќе биде славена по вашиот дебакл на следните предвремени парламентарни избори, сличен на оној дебакл кој ви се случи вчера“, рече Мицкоски.

Порача дека Македонија се сака со дела, и повика политичките субјекти пред граѓаните да се споредуваат според она што го сработиле, а не според омразата, којашто истака Мицкоски, е продуцирана од власта.

„Нашата визија за Македонија е земја на интегрирано општество, со силна пазарна економија. Потребен е рапиден развој сега и веднаш, не утре, не задутре или по некоја година. Македонија нема време за чекање, ни треба економија која ќе создава додадени вредности и која ќе вработува и овозможува иднина, за нашите сограѓани, да направиме услови да се вратат сите кои ги напуштија нивните домови во нашата татковина, да се вратат веднаш и да бидат свои на своето – тоа е нашата визија“, рече челникот на опозицијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека бараат само фер услови на следните предвремени парламентарни избори.

„Кога од власта ќе речат се договарате за Државната изборна комисија за да сме осигурале некаква амнестија, треба да се знае дека на таквите лаги им нема крај. Не бе луѓе, не бараме ништо, бараме само фер услови да можеме да ве декласираме на следните предвремени парламентарни избори. Тоа бараме. Тоа ли е толку многу и страшно? Толку ли не сакате да се пуштите од власта? Јас ве разбирам таа власт ви е неопходна да ги обелите вашите криминални досиеја, да можете да заработите уште неколку десетици милиони евра, но на тоа ќе му дојде крајот, за тоа ќе одговарате“, подвлече Мицскоски.

Порача дека кога е повикува на да ја слави иднината европска на Македонија, тој одговата „ќе ја славиме таа иднина, но најпрво ќе завршиме со криминалот и ревизија на аболицијата за Голбал, со ревизија на ослободителната пресуда за Поткуп, со независен судија и обвинител кој ќе досуди казна која што ја заслужува Заев’.

„Ќе завршиме со минатото, па потоа ќе градиме европска иднина“, заклучи Мицкоски