Мицкоски: Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, туку си дава оставка!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остро реагира што за синоќешните внатрепартиски избори на СДСМ беа користени и училници како избирачки места.

-Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање. Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш, порача Мицкоски!