
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил во работна посета на општината Градско.
„Денес бев во посета на општина Градско, каде што по повод 16 декември- Денот на општина Градско, се одржа свечена академија во Домот на култура.
Исто така градоначалникот Киро Нацков ги презентираше досега сработени проекти и ги премовираше идните планови за развој на општината.
Продолжуваме посветено!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.