Го посетив Шуто Оризари. Имав срдечна средба со граѓаните од оваа скопска општина. Ми ги пренесоа многуте нерешени проблеми со кои се соочуваат. Додека премиерот вели дека блескаме како земја го поканувам да ја посети оваа општина, каде граѓаните се борат да преживеат. Тешкиот живот присутен насекаде е и овде, на само неколку километри од центарот на Скопје, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Овде блескаат само проблемите, а се оди напред само во сиромаштијата и тешкиот живот.
Шуто Оризари е поразот на оваа влада, и примерот како се живее и во сите други места во државава. Залудни се говорите за висока политика, кога тука луѓето едвај врзуваат крај со крај. Ова мораме да го смениме. Мора да се донесе правдата, да победи волјата на граѓаните, додава Мицкоски.