Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и други високи партиски претставници по повод големиот христијански празник свети Атанасиј вечерва присуствува во скопско Љубанци.
-Во пресрет на големиот празник свети Атанасиј во Љубанци во посета на манастирот Св. Јован. Заедно со народот, заедно за промени какви секој човек заслужува. До победа за заедничка иднина!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.