3.8 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2025

Мицкоски за Божиќ: На граѓаните им посакувам здравје и среќа, сето останато заедно ќе го направиме, само зеадно можеме да ги победиме предизвиците во 2022

Ќе ми дозволите да им го честитам на сите православни хистијани, Христовото раѓање – Божиќ, исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства, останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија, изјави денеска за медиумите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој исто така и на останатите граѓани кои не се од христијанска православна вероисповест им посака здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови.

– Ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.