Мицкоски за „ФАЦ“: Владата со Груевски подготвува валкан дил, за да се истуркаат уставните измени

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, го обвини поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски дека бил во тајна комуникација со Владата, со цел за да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да бидат изгласани уставните измени, пренесува „Дојче Веле“.

Под наслов „Постојано нови барања за Северна Македонија“, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” донесува подолга статија на добриот познавач на регионот, новинарот Михаел Мартенс, кој водел разговор со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со пристапот на земјата кон ЕУ.

За да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови, тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на, во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски, за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

Проширувањето на ЕУ повторно може да се ‘сопне’ на вето, зашто Бугарија ја блокира Северна Македонија. Шефот на опозицијата во Скопје се жали дека Софија систематски ја минира македонската државност“, пишува весникот, потсетувајќи на бројните перипетии со кои е проследен македонскиот евроинтегративен пат.

„На случајот на Северна Македонија идните недели би можело да се види дека европската политика на проширување и натаму е заглавена во ќорсокак. Земјата се наоѓа кратко пред повторна блокада на нејзиниот пат кон ЕУ, и тоа на непредвидливо време… Земјата направи многу за да почне пристапни преговори, на барање на Грција го промени името во 2018 година и од Македонија стана Северна Македонија. Сега владата во Скопје е подготвена да се повини и на бугарското барање за влез во уставот на бугарското малцинство, но за уставни измени фали неопходното двотретинско мнозинство,“ пишува ФАЦ.