Мицкоски за хаосот во М-НАВ: Ако вакви бандити упадена на аеродромот во Париз, ќе беа ликвидирани или уапсени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека упадот во контролата за летање на М-НАВ не било соодветно санкционирање. Тој направи споредба што би се случило доколку ваква група упадне на некој од светските аеродроми.

„Замислите што би се случило кога ваква бандитска група би упаднала на аеродромот во Париз или Берлин. Сега би биле уапсени или ликвидирани“, кажа Мицкоски.

Според него, нема ден без скандали.

„Секој ден има нов скандал, кој кулминираше со дивеењето на бандитската група. И она партиско обвинителство и судство, кое тоа го помина, како да станува збор за некој што позајмил десет кебапи“, додаде Мицкоски.