Не може никој да ми каже дека оваа влада со ниту еден реализиран проект, може да ја заврши можеби најсложената операција, а тоа е пописот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „Што не е јасно“, во Алфа телевизија.
Мицкоски посочи дека една Србија којашто е лидер во регионот по број на имунизирани лица преку еден милион вели дека не се чувствува доволно храбра да го спроведе пописот затоа што протоколите не го заштитуваат доволно здравјето на граѓаните, Хрватска исто така, Бугарија и Романија, исто така, го одложија.
„А кај нас денеска излегува Караџовски, излегува Симовски кои велат најстрогите протоколи, кои најстроги протоколи кога денеска имаме 1.500 новозаболени и 30-тина луѓе умрени, меѓу кои и дваесет и четири годишни луѓе умираат, знае ли тој има ли памет што зборува, да легне три дена со оние луѓе да види како за здив се борат да го прашам тогаш дали има протоколи, критикуваше Мицкоски.
Рече дека дека бесрамно се однесуваат овие луѓе кои земаат пари од овие граѓани, па праша дали целта е да се умираат луѓето поради тоа што некој ги држи за врат и ги уценува дека така мора да биде.