Мицкоски за Пендаровски: Граѓаните да му помогнат да се исели од Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ден по одржаната конвенција и изборот на Гордана Силјановска Дафкова за кандидат за претседател, рече дека денеска е историски ден, бидејќи до 12 часот собрани биле над 15 илјади гласови.

Ги повика и граѓаните, за како што рече да му се помогне на кандидатот Стево Пендаровски да го исполни ветувањето и да се исели од Македонија.

-И добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и онаа изјава која ја кажа пред некое време, доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, да му помогнат да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија тоа е подобро за Македонија, а ние да најдеме начин сите оние кои се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои требаат дома, а ваквите Пендаровци да им покажеме како граѓани што мислиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.