Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и за владините коруптивни скандали кои што се случуваат на дневна основа.
Арсова од Сител телевизија му посочи на Мицкоски дека секојдневно зборува и ја обвинува власта за криминалите, на што Мицкоски одговори дека не ја обвинува власта, туку тоа го потврдува Транспаренси Интернешнал која Република Македонија ја смеси на 111-то место по корупција.
Според Мицкоски, тоа е пораз за целата држава и за сите граѓани, поради тоа што етикетата ја носиме сите ние, иако таквиот имиџ на земјата го изградија исклучиво Зоран Заев и неговите соработници.
-Република Македонија дојде на тоа ниво да може секојдневно да се изнесуваат скандали поврзани со криминал и власта, а за тоа никој да не одговара. Токму поради тоа е перцепцијата на новинарите и медиумите дека опозицијата секојдневно обвинува, но тука не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, туку податокот за една од најкоруптивните земји го кажа реномираната Транспаренси Интернешнал, додава Мицкоски. Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со секојдневни проблеми кои што им го отежнуваат животот, се соочуваат со економски проблеми кои што се рефлектираат на начинот на живеење, додека одреден број политичари и функционери материјално го зголемуваат своето богатство и бескрупулозно ја замајуваат јавноста со лаги и измами, заврши Мицкоски.