-5.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Мицкоски: За само 4 дена во декември, ЕСМ авансно ќе плати 6 милиони евра за увоз на струја, авансно плаќаат за авансно да земат провизии

Нов увоз на струја и ново “херојско” грабање народни пари. Имено за само 4 дена во Декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и “херојски” ќе потроши по 1.500.000€ за увоз на струја.

Криминалот и неспособноста на “хероите” во владата за само 27 дена од 7ми Ноември до 4ти Декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253€.

Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на “хероите” во владата со пари од народот.

Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.