Мицкоски за случувањата во АА: За разлика од СДСМ и ДУИ, ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии

-Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците и додаде: -Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред се од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа.

Мицкоски нагласи дека тој и ВМРО-ДПМНЕ не сакаaт и другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии, дециден е тој.