Вкупно дваесет градови во земјава се на мапата за протести што вечерва ја објави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, посочувајќи каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи утре приквечер антивладините протести.
„Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата.
Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна. Утре протест во 20 градови низ Републиката и блокада на Владата, МНР и Министерството за правда“,
напиша Мицкоски на фејсбук, по завршувањето на вечерашните протести во центарот на Скопје.