Мицкоски за Заев: Колку повеќе губи, толку не знае што зборува

„Просто неверојатно, колку повеќе губи, толку повеќе се губи и не знае што зборува. Му се ближи крајот во политиката“, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Неговата реакција е на изјавата што денеска ја даде Зоран Заев во Велес, ..„До ден денеска нашиот опонент (ВМРО ДПМНЕ) не знае и не сака да се огради од лошите политики. Рекле, од секое дрво кавал не бидува. Знаеме дека ништо не се променило во ВМРО-ДПМНЕ“, рече премиерот и додаде дека понудил заедничка влада, но тие избегале.